Во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска ќе се одржи работлиница насловена „Бариери и можности за интеграција на системи за складирање енергија во згради со фотоволтаици и примена на nZEB стандардите“.
Во рамки на овој проект, се планира на една од зградите на ФЕИТ во Скопје да биде инсталиран 7 kWh систем за складирање на енергија.
Работилницата се одржува во рамки на проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици – PV-ESTIA“ од програмата „TNCP Balkan – Mediteraneen 2014-2020“, имплементиран од ФЕИТ (https://www.pv-estia.eu/).