сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работилници и прирачник за новинарите во насока на квалитетен попис

Работилници и прирачник за новинарите во насока на квалитетен попис

Со цел да се создадат услови за квалитетен попис Сојузот на здруженија „Македонската платформа против сиромаштија“ започна низа активности во кои ќе бидат опфатени и новинарите.

Од Тетово, Сојузот ги започна серијата работилници и советувања со новинари, а во тек е и создавање на прирачник со кој ќе можат да се служат медиумските работници околу спроведувањето на пописот како најголема статистичка операција.

– Сфативме дека новинарите се сојузници во целата работа и многу малку во изминатиот период се отвора стручна дебата и дискусија околу што навистина е пописот и што навистина ќе донесат резултатите од него. „Македонската платформа против сиромаштија“ (МППС) е стратешки партнер на Фондот на Обединетите нации за население со канцеларија во Скопје во делот на развој на популациони политики и ние секако се залагаме тие да бидат што поквалитетни и да ги намалат јазовите во нееднаквост и намалување на сиромаштијата и сметаме дека еден квалитетен попис ќе помогне во креирање на политики базирани на докази, изјави Билјана Дуковска, претседателка на МППС.

Професорката Јасна Бачовска-Недиќ од Правниот факултет во Скопје потенцираше дека прирачникот ќе помогне новинарите преку известувањето за пописот на јавноста и пренесат за важноста од процесот на попишување.

– Прирачникот е едукативен за процесот на попис. Сметавме дека е потребен прирачник бидејќи самиот попис е проблематичен, повеќе исполитизиран отколку колку што е статистичка операција потребна за нашето оптештество. Со прирачникот новинарите ќе имаа проширено знаење кои се глобалните препораки за попис, што е попис како критеруми за влез во ЕУ, кои се важни и кои не се прашања околу статистиката поврзани со интергацијата, истакна професорката.

Работилниците ќе продолжат и по другите региони на државата.

Најнови вести