Денеска, 4 август 2020 година (вторник), министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Француската Република Н.Е. Кристиан Тимоние.
На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од взаемен интерес.
Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид – 19“.
На средбата од страна на двајцата соговорници беше истакнато дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија.