вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работник во СН Инвест: Лажат во РЕК Битола за саатницата, не крадат нас работниците (ФОТО)

Работник во СН Инвест: Лажат во РЕК Битола за саатницата, не крадат нас работниците (ФОТО)

Помошните работници за РЕК Битола не земале 97, туку 75 денари за еден час без храна. Ова за порталот Доказ го вели работник, приложувајќи слика од уплатница.

-Ова е плата за еден месец работа во СН Инвест во РЕК Битола. Не се 90 денари час како што велат, туку 75 денари бруто без храна. Минат труд, работа во смени и работа во викенди и празници, се вели во пораката до Доказ.

Скандалот со помошните работници го обелодени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за Алфа Телевизија.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, пак, изјави дека раководството на ЕЛЕМ поништило транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучило милионски договор во четири очи.

-Раководството на РЕК Битола,  склучи  договор во висина од 21 милион и 240 илјади денари за ангажирање на работници со договор во четири очи со фирмата СВ – Инвест, која според информациите со кои располагаме е во сопственост на близок пријател на директорот на РЕК  Битола. Паралелно на оваа постапка во четири очи се одвивала и тендерската постапка за истата работа за која е објавен јавниот повик, но истата поради како што е наведено битна повреда во тендерската документација АД ЕЛЕМ ја поништило на 16.3.2018 година, 14 дена по склучувањето на договорот во четири очи, за слободно да може да се ангажираат лица преку СВ – Инвест. Според информациите кои дојдоа до нас според договорот на СВ – Инвест ќе и бидат исплаќани 197 денари по работник од час, и тука постои сомнеж дека на работниците таа ќе исплаќа 97 денари, односно 100 денари помалку, обелодени Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори каде ќе заврши разликата од цената која и се исплаќа на компанијата и цената која таа треба ја исплаќа по работник?

-СВ – Инвест е фирма која пред доаѓањето на Ковачевски за директор во РЕК Битола, не учествувала во вршење на работи во АД ЕЛЕМ. Истата според информациите кои ги имаме е регистрирана за трговија и градежништво и во делокругот на нејзиното работење не е предвидено изнајмување на работници. Станува ли АД ЕЛЕМ синоним за сомнителни зделки, корупција и криминал? Завршуваат ли милиони државни пари наместо во нови инвестиции на сомнителни договори во четири очи? Оваа ненародна и криминална власт расипнички се однесува со парите на граѓаните. СДСМ не работи за граѓаните, туку за нивната  партиска елита, посочува Јанушев.

Најнови вести