среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Радев: Овие европски, а не бугарски барања јасно кажуваат дека РСМ мора да го измени својот Устав

Радев: Овие европски, а не бугарски барања јасно кажуваат дека РСМ мора да го измени својот Устав

Бугарскиот претседател Румен Радев на прашање за европската перспектива на Македонија, во интервју за грчката агенција АНА-МПА вели дека решението за проблемите во односите со РС Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство и во почитувањето на човековите права.

Според него, повеќе не треба да се зборува за „бугарско вето“, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули годинава и договорена преговарачка рамка.

„Овие европски, а не бугарски барања јасно кажуваат дека РСМ мора да го измени својот Устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени во уставот на еднаква основа со другите државотворни нации во оваа земја“, вели Радев.

Тој повика на искоренување на јазикот на омразата и насилството врз Бугарите кои живеат во Македонија, како и на „почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство“.

Изрази и надеж дека што поскоро државниот врв „ќе ги прифати европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на РСМ, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.

Најнови вести