Со освоени 64% од гласовите, со што ја задржа двојната предност од првиот круг, актуелниот претседател на Бугарија Румен Радев убедливо го победи противкандидатот Анастас Герџиков во денешниот втор круг од изборите во Бугарија.
Ова се првичните резултати од излезните анкети, но реизборот на Радев за старо-нов претседател на Бугарија беше речиси извесен.
Тој освои 49,42% гласови минатиот викенд на првиот круг од изборите, наспроти 22,83% на Герџиков, кој беше поддржан од ГЕРБ на Бојко Борисов.
Според излезните анкети, резултатите се следни:
Тренд: Румен Радев – Илијана Јотова гласале 64,5% Проф. Анастас Герџиков – Невјана Митова гласале 33,6%
Галуп: Румен Радев – Илијана Јотова гласале 65,7% Проф. Анастас Герџиков – Невјана Митова гласале 31,5%
Алфа Риусрч: Румен Радев – Илијана Јотова гласале 63,9 % Проф. Анастас Герџиков – Невјана Митова гласале 33,1%