Обилните и интензивни врнежи од дожд, присутни посебно во последните два дена, во поширокиот дебарски регион видно го зголемија водостојот на река Радика и нејзините притоки.
Врз тоа секако придонесуваат и топлото време и југосточниот ветер, кој условува топење на снегот од високите планини.
Како резултат на зголемениот водостој на Радика, која кај село Долно Косоврасти се влева во Дебарско Езеро, а чиј дотек денеска изнесува над 100 кубни метри вода во секунда, се зголемува нивото на езерото, кое, според ЦУК-Дебар, вчера изнесувало 566,33 метри.
Во зголемување на вода во акумулцијата секако влијание има и дотекот на вода од реката Црн Дрим, како и притоките од делот кај општина Центар Жупа.