петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рафајловски: Сé што вети оваа влада е многу далеку од остварување

Рафајловски: Сé што вети оваа влада е многу далеку од остварување

Во денешната емисија на ТВ 24 Вести, гостуваше Горан Рафајловски кој посочи дека оваа влада досега има само лоша економска политика.

-Сé што вети оваа влада е многу далеку од остварување, реално е многу далеку, истакна Рафајловски.

Рафајловски појасни дека за да можете да го оптеретите бизнисот и да побарате да се издаде по 500 евра плата, што е изводлива можеше да се направи тоа на поинаков начин.

-Првиот начин е ако веќе го притискате да даде поголеми плати тогаш немојте да го притискате на темата на даноци и да ги зголемувате даноците. Значи не може од двете страни да го притискате. И тоа се случи со 18% персонален, се случи со зголемување општо на даноци кои не се така мали.  Економија не познава социјални партии, економија познава добра или лоша економија. И во оваа ситуација имаме лоша економска политика од почетокот до сега, посочи Рафајловски.

 

Најнови вести