четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рафајловски: Собранието личи на театар и не функционира, да се направи експертска влада одобрена од сите политички партии

Рафајловски: Собранието личи на театар и не функционира, да се направи експертска влада одобрена од сите политички партии

Бизнисменот Горан Рафајловски во своето гостување во Дневникот на Сител изјави дека Собранието не е функционално, дека личи на театар и доколку не може вака да функционира да се направи експертска влада одобрена од сите политички партии во Македонија.

„Значи перспективата со ова Собрание тотално нефункционално во време на пандемија е никаква. Од проста причина што ова Собрание не е способно да се собере и да направи доволен број на пратеници за да започне седница на која што ќе се изгласаат законите. Тврдоглаво одиме, не дискутираме едни меѓу други, носиме закони и воопшто не ги консиултираме другите и ако ги консултираме ќе правиме проблем, ама тогаш кога гледаме дека имаме вакво не сериозно, нека ми се лутат ама на граница на театар Собрание, јас не гледам воопшто иднина да се донесе било каков закон на било која седница“ нагласи Рафајловски.

Тој додаде дека доколку Собранието не може вака да функционира, треба да се направи експертска влада одобрена од сите политички партии.

„Една од ретките седници која ја имавме се искористи за доверба на влада каде што веројатно во редот можеа да поминат 30-40 закони но поважно беше да се изгласа доверба на влада отколку да поминат законите и за помош и за се на стопанството. И ако сите како граѓани се чуствуваме дека сме во слободен пад се чувствуваме дека сме во долг тунел заради чии кривини не можеме да ја видиме светлината на крајот на тунелот значи тогаш го молам политичкото раководство и структури на Македонија да се соземе и ако не е способно вака да продолжи да направи експертска влада која ќе биде одобрена од политичките партии“, нагласи Рафајловски.

Најнови вести