Рудникот за олово и цинк Саса и Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО) и Сојузот на синдикати на Македонија потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата што компанијата ја достави до синдикатот на 26-ти миантиот месец.
-Многу ни е мило што успеавме да постигнеме пријателски договор со МЕСО, што претставува фер понуда за нашите вработени. Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, „Централ Азија Металс“, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава суштинскиот од проблемите поврзани со наградување и исплата на вработените, кои беа наследени од претходните сопственици и се надеваат дека соработката со тимот ќе продолжи и во иднина, со цел изградба на успешна иднина на рудникот. Се надеваме дека ќе можеме да ја извршиме исплатата на зголемувањето за април и ретроактивно за март со исплаќање на априлската плата, што ќе се реализира во текот на денешниот ден. Дискусиите со МЕСО за други прашања во Саса ќе продолжат, денеска изјави Неил Стевенсон, генерален директор на Саса.
Со потпишаната спогодба завршуваат преговорите меѓу раководството на рудникот и овластените претставници на синдикатот, што почнаа кон средината на минатиот месец. Истовремено, синдикатите се обрзуваат дека и формално ќе го прекинат штрајкот, што беше ставен во мирување кога почнаа преговорите.
(Миа)