вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рамчиловиќ: Босанскиот јазик во наставата е воведен уште во 2006 година

Рамчиловиќ: Босанскиот јазик во наставата е воведен уште во 2006 година

Босанскиот јазик во наставата во основните училиштата како можност е воведен уште во 2006 година и не е новина која што ја воведува владата на СДСМ сега, како што се обидува да претстави владиниот портпарол, Бошњаковски. Поради недостаток на кадар и учебници истата се одвиваше експериментално. Во училиштата каде има помал број на бошњаци, од 2008 година се изучува предметот Јазик и култура на Бошњаците, наставна програма каде еден од авторите е и Зекир Рамчиловиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и доцент на Институтот по историја.

КУРИР се обрати до господинот, Зекир Рамчиловиќ, кој беше еден од авторите на наставната програма Јазик и култура на Бошњаците донесен во 2008 година, тој очекува да се создадат услови и во пракса да се реализира наставата на босански јазик.

“Ова е процес кој оди во континуитет, односно наставата на босански јазик е воведена во 2006 г., како редовна, но поради недостаток на учебници и кадар најчесто се реализираше како експериментална, вчера со одлука на Владата за реализирање на редовна настава на босански јазик од учебната 2018/2019 год. очекуваме да се создадат услови за функционирање на истата, пред се пишување или превод на учебници на босански јазик, наставен кадар и др. Исто така во училишта каде има помал број ученици Бошњаци се изучува предмет Јазик и култура на Бошњаците од 2008 г., каде бев и дел од тимот кој ги подготви наставните програми. Сите процеси кои одат во правец на подобрување на статусот на Бошњаците во Македонија, а особено во образованието како во минатото така и денес се со силно мое залагање и со сите механизми ќе продолжам да го следам и интензивирам целиот процес.”

Бошњаковски се обиде да го прикаже воведувањето на босанскиот јазик како проект на сегашната влада, што не е точно и претставува извртување на фактите.

– Во текот на наредниот период треба да се направат сите подготовки ова да се имплементира и од учебната 2018/19 планирано е босанскиот јазик да се воведе во редовната настава во основното деветгодишно образование, рече Бошњаковски.

Најнови вести