Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова од говорница го праша премиерот Зоран Заев што ќе се случеше доколку скандалот со Фондот за иновации не излезеше во јавност.
Таа притоа праша дали доколку средстава се доделија на сметките дали ќе се побараше тие пари да се вратат назад.
Рангелова рече доколку никогаш не се дознаеше за ова тогаш средствата ќе отидоа кај партиските функционери на СДСМ.
-Дали во СДСМ нема други луѓе кои ќе можат да ги завземат местата на овие луѓе кои го прекршиле законот. Вашата пратеничка на форумот на жени Цветанка Ласкова има конфлит на интереси затоа што нејзината снаа добила 330 илјади евра од овој фонд. Би сакала и да се обратам до мојот колега каде сакам да му кажам дека функцијата пратеник е неспоива со извршување на стопанска и друга дејност. Ние како пратеници не можеме да бидеме сопственици, основачи или косопственици на било кои претпријатија, подвлече таа.
Рангелова рече дека не сака да слуша како и што правела претходната власт. Според неа поради грешките, ВМРО-ДПМНЕ е сега опозиција и му посочи на премиерот Заев да учи од туѓите грешки. Таа додаде дека има и други луѓе во СДСМ кои можат да ги извршуваат тие функциите наместо овие сега што се на позиција.