Даниела Рангелова пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ побара одговор на директорот на Дирекција за администрација, Спасе Глигоров на неодговорените прашања кои ги има поставено во изминатиот период.
Во вашиот финансиски извештај имате предочено дека имате за поправки и тековно одржување 2.240.000 денари предвидено, а остварено 2.218.024 денари, да ми кажете за што ги имате потрошено тие финансиски средства. За купување на опрема и машини имате потрошено 232.456 денари, за какви договорни услуги станува збор, праша Рангелова.
Во второто прашање Рангелова запраша какви кадри се вработуваат во изминатиот период во јавната администрација, ако според директорот членови на комисијата за селекција на кандидати за вработување не биле соодветно избирани.