Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на Жени, Даниела Рангелова во дебатната емисија Анализа на ТВ 24 истакна дека преговорите за реформските закони се иницијатива на опозицијата со цел да се подобрат законските решенија. Рангелова вели дека ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и токму поради тоа даде поддршка на реформските закони клучни за европската перспектива на државата.
Според Рангелова, СДСМ премногу брза при носењето на реформските закони нешто што може на долг рок да им наштети на граѓаните и поради тоа ВМРО-ДПМНЕ се вклучи во процесот на подобрување на оваа група закони. ВМРО-ДПМНЕ имало голем број на забелешки за реформските закони од кои голем дел на крајот биле прифатени и со тоа опозицијата помогнала во носењето на подобри законски решенија.
Меѓу другото извештајот на Европската Комисија го наведува токму овој проблем каде владата поголем дел од законските решенија ги носи со скратена постапка, со што се лимитира квалитетот на предлог законите. Во извештајот се нотира и недоволната анализа за финансиските импликации на донесените закони.