вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рашела Мизрахи предложена за претседател на анкетната комисија за случајот онкологија

Рашела Мизрахи предложена за претседател на анкетната комисија за случајот онкологија

Собраниската комисија за избори и именувања го утврди составот на анкетната комисија која ќе треба да лоцира политичка одговорност за случајот со Клиниката за онкологија. Рашела Мизрахи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе раководи со комисијата. Според одлуката, анкетната комисија ја сочинуваат 13 членови и нивни заменици

Пратениците пак со една цел, велат се надеваат на единство и соодветна завршница.

Одлуката за основање на Анкетната комисија беше донесена на 20ти месецов, претходно Јавното обвинителство отвори предистражна постапка откако во медиумите се прошири информацијата дека имунолошката терапија за онколошките пациенти, дел од вработените на Онкологија ја краделе и препродавале на црниот пазар.

Од ОЈО пак велат дека во моментов нема нови информации кои можат да се споделат во јавноста, а според последното соопштение остварен е контакт со обвинители од Косово.

Најнови вести