Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговорајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката за ослободувањето на Драги Рашковски од затворски и носењето во куќен притвор, посочи дека ваквата одлука е потврда дека институциите се заробени и дека врз нив се врши притисок од страна на Зоран Заев.
-Тоа е потврда за заробеноста на институциите и тоа е потврда на притисокот врз институциите. Имено, откако во јавноста се слушнаа информации дека Драги Рашковски е спремен да “пропее“ за криминалите на Зоран и Вице Заеви, а имајќи предвид дека ги знае сите нив затоа што им е човек од доверба и еден од најблиските соработници, се случија две работи, прво, Зоран Заев изврши јавен притисок врз обвинителството во интервју за неделникот Фокус, во кое што јасно кажа дека не се согласува со одлуката на обвинителството и мисли дека Драги Рашковски е невин, што е скандал сам по себе затоа што премиерот како носител на извршната власт не смее да се меша во законодавната и судската власт, во случајов се меша во судската власт, и втора работа која што се случи како резултат на тој притисок, вчера Драги Рашковски беше ослободен што само говори дека Зоран Заев целосно го има заробено судството и обвинителството и дека во Македонија нема независно судство и обвинителство, туку има притиснато судство и обвинителство кои што еден ден ќе сведочат за притисоците кои што им ги правел Зоран Заев, а тој ќе одговара, нагласи Николоски.