Расколот во СДСМ не престанува. Откако Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура за градоначалник на Куманово почнаа „препукувањата“ со лидерот на неговата матична партија.
Македонскиот писател, есеист и критичар Венко Андоновски испрати писмо со поддршка за кандидатурата за градоначалник на независниот кандидат и актуелен „татко“ на општина Куманово Максим Димитриевски.
Оваа вест дека Македонскиот писател Венко Андоновски го поддржува Димитриевски на својот Фесјбук профил ја сподели Петар Атанасов, актуелен заменик министер за образование кој исто така доаѓа од СДСМ кој напиша:
„Конечно нешто здраво… за суштината на еден конфликт“
Со ова повеќе од јасно е дека партијата СДСМ се разделува, односно нејзини членови и актуелни функционери се одделуваат од актуелното владеење на Зоран Заев.
Да потсетиме, Максим Димитриевски изминатиов период изјаци дека СДСМ е „киднапирана“.