сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Распаднати ѕидови, руинирани тоалети, згради пред распаѓање е сликата којашто може да се забележи откако дојде СДСМ на власт“

„Распаднати ѕидови, руинирани тоалети, згради пред распаѓање е сликата којашто може да се забележи откако дојде СДСМ на власт“

Новата учебна година е пред самиот старт, а инфраструктурните проекти во образованието за Владата на Зоран Заев воопшто не се приоритет, обвинува Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

-Распаднати ѕидови, руинирани тоалети, згради пред распаѓање е сликата којашто може да се забележи откако дојде СДСМ на власт. Сите инфраструктурни проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ се стопирани и стојат во место. И покрај тоа што уште во јули месец МОН и општината Струга ветија дека учениците наставата нема да ја следат во стариот објект на ОУ „Браќа Миладиновци“, за жал наместо до август подготовките во новиот објект се’ уште не се завршени, велат тие.

Од Комисијата порачуваат дека е срамно и жално е во вакви услови учениците да одржуваат настава во 21 век.

-Доколку навистина интересот на учениците и родителите е пред личниот интерес тогаш градоначалникот Рамиз Мерко веднаш нека го продаде Аудито и да обезбеди основни услови за настава. Луксузите на Власта граѓаните ги гледаат на секој чекор и им се добро познати.  Со оваа Власт градоначалниците се луксузираат со нови автомобили како „Ауди А6“, а учениците учат во руинирани училишта, порачуваат од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести