Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет продолжува со истрагата поврзана со предметот Планина. Во рамки на дејствијата кои се преземаат се утврдуваат факти во предметот. Во моментов, во интерес на постапката е да не се споделуваат детали со јавноста. Кога ќе се создадат услови, обвинителството ќе извести за сознанијата и за преземените дејствија за натамошниот тек на кривичната постапка.
Воедно , Ве известуваме дека за сите осомничени кои не беа пронајдени при акцијата и кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, распишана е меѓународна потерница.