сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува утре

Расправата за ребаланс на Буџетот продолжува утре

Комисиската расправа во Собранието за ребалансот на Буџетот за 2022 година продолжува утре во 11 часот. Во денешната расправа пратениците од опозицијата и власта останаа со спротивставени ставови.

Според пратениците од власта, со ребалансот се проектираат повеќе средства од буџетот за поддршка на стандардот на граѓаните и се поддржува економска активност, а од опозицијата остануваат на ставот дека буџетот е несоодветно димензиониран и се полни единствено на грбот на граѓаните.

Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ребалансот е задоцнет и дека Владата требаше поефикасно и понавремено да реагира, имајќи ја во предвид и војната и генерално сите ефекти кои подоцна дојдоа како економски неповолни.

– Очекувавме понови моменти во Буџетот, но за жал ништо ново. Станува збор за најрасипнички буџет досега, бидејќи е најголем во историја на економијата, но и најобемен во делот на буџетскиот дефицит.

Според него, Владата треба да пристапи со помалку оптимизам а повеќе реалност, за да имаат помалку разочарувања од граѓаните.

– Мерките што ги укина Владата молчејќи, а кои истекоа поради временски рокови но и неприфаќајќи ги предлозите од опозицијата и од граѓаните остава вакуум простор во кој нашата држава е единствената земја во регионот, а можеби и во Европа, која моментално на сила нема никакви ефективни антиинфлациски мерки. Вакво зголемување на буџетски дефицит не може да се каже дека е кратење на непродуктивни трошоци, ако се земе ставка стоки и услуги скоро никаде нема кратење. Не е буџет кој штеди, туку е буџет кој троши, додаде пратеникот Петрушевски.

Според пратеникот Бедри Фазли од ДУИ, во услови на енергетска криза и зголемување на цените на глобално ниво, одново реконструираниот буџет ќе обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на социјално загрозените граѓани, но и финансиска поддршка и ливкидност на компаниите.

Исто така, како што рече, со зголемување на минимална плата и со зголемување на пензиите ќе се ублажат ефектите од ценовниот шок.

Најнови вести