Изминатиов викенд македонската јавност беше сведок на најновото поглавје од обидот за предизборен поткуп, преку поделбата на 49,7 милиони евра за општински проекти од програмата од средства од концесиите на турски ТАВ, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
На неполни 3 месеци пред одржување на локалните избори, СДСМ и Зоран Заев се расфрлаат со парите на граѓаните, за да стигнат во кампања барем да започнат еден од многуте проекти, кои неговите градоначалници не беа способни 4 години да ги реализираат.
Ваквата „награда“ за градоначалниците на СДСМ и ДУИ е целосно корумпирање на изборниот процес од една страна, а очајнички и неумесен обид за затскривање на неспособноста на нивните градоначалници.
За потсетување:
1. И покрај повеќето пакети за помош на општините и јавните комунални претпријатија, минатата година долгот повторно пораснал за 6,5 милиони евра, а вкупниот долг на општините и општинските претпријатија изнесува фрапантни 114,7 милиони евра.
2. Покрај долговите, Македонија е рекордер и во загубите на вода, каде вкупно се соочуваме со загуби во висина од речиси 62 проценти. Додека неспособните локални власти на СДСМ немаат капацитет да се справат со загубите, во сред лето и температури над 40 степени без вода се оставени наите граѓани, каде изминатиов период дефекти и рестрикции за вода се соочуваа жителите на Дебар, Градско, Штип, Скопско Љубанци…
3. Секојдневно сме сведоци на стотиците партиски огласи за вработување, каде се преполнуваат веќе превработените општински администрации.
4. Од парите кои ги доделува Владата од ТАВ Програмата, голем процент од средствата се доделуваат за проекти за чија реализација ќе бидат потребни повеќе години. Причината на нивното доделување на 3 месеци пред изборите е со единствена цел истите да се започнат во време на изборната кампања, а со тоа да се обидат да го замачкаат 4 годишното неработење на нивните градоначалници.
Ова нема да им помине и граѓаните на претстојните локални избори ќе ги казнат овие неработници и криминалци.
Одговорност мора да има! Одговорност ќе има!