Повик до сите општини, институции, општествено одговорните компании, маркети, банки и сите услужни компании за вклучување во иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ со што ќе ја препознаат инклузивната лента, ќе внесат посебна каса/ шалтер за посебните.
Официјалниот повик, КУРИР го пренесува во продолжение:
Почитувани, Здружението на граѓани Куќа на Среќата ги повикува сите општини, институции, општествено одговорни фирми, компании, музеи, ресторани, кино сали, маркети, болници… да ни се придружат во кампањата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“, да станат пријателски прилагодени кон лицата кои носат инклузивна лента, да ги разберат, прифатат и сакаат и да им дадат предност.
Вклучувањето во овој проект не подразбира никакви посебни финансиски импликации, потребно е само:
- Да се има добра волја да се вклучат во оваа иницијатива, да бидат инклузивни;
- Да прифатат да бидат обележани со логото на оваа иницијатива „сончогледот“ и пораката „разбери, прифати, сакај“
- Да обезбедат „посебна каса/шалтер за посебните“ – односно кога лице кое ќе носи инклузивна лента (лента со сончогледи), да му дадат предност пред другите и да му го отстапат редот.
Сите заинтересирани организации кои сакаат да бидат инклузивни и дел од оваа иницијатива, да им дадат предност на лицата со видлива и невидлива попреченост ќе ги замолиме да не контактираат на следната е-пошта: [email protected].