Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во врска со случајот со родилката во Дебар, вчера донесол одлука за формирање на нова Комисија.
-Првата комисија беше формирана од МЗ преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции прво од семејството на родилката, но и од неколку институции (Хелсиншки комитет), новата комисија ќе ја водат директорите на КАРИЛ, Урологија, Гинекологија и ќе треба да направат анализа на случајот. Донесена е одлука да се разреши директорот на струшката болница и нов ќе се назначи во текот на денешниот или утрешниот ден, рече Филипче.