Владата денеска на седница го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управата за извршување на санкциите по бегството на осуденикот Беким Мемети од Идризово.
Смената на Спасовски вчера ја најави премиерот Димитар Ковачевски, кој во одговор на новинарски прашања рече дека не е задоволен од работата на директорот на Управата за извршување на санкции.
-Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на Управата, рече Ковачевски.
Покрај Спасовски, за бегството на Мемети суспендирани од работа беа и командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот. Осум дена пртвор добија командирот и двајца затворски полицајци, а на четвртоосомничениот му се изречени мерки на претпазливост.
Вонредниот инспециски надзор направен на 13 јануари покажа низа неправилности при спроведувањето на Мемети.