вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Разрешен генералниот секретар на СПМ

Разрешен генералниот секретар на СПМ

Од причини што СПМ и Претседателот на СПМ измимативе денови се јавно нападнати и омаловажени од страна на веќе разрешен генерален секретар на овој синдикат, должност ни е да кажеме дека наводите во неговите објави, зборови кои ни се под честа и интегритетот да ги повторуваме, се чиста лага и апсолутно непознавање на правните акти на СПМ!

Во тој контекст, мора да нагласиме дека една од причините за разрешување е таквото непознавање и неупатеност во нашите правни акти, нешто што е крајно недозволиво за носител на функција Генерален секретар.
Обвинувањата дека со Самовластие, Претседателот на СПМ му ги одзел функцијата и правата, целосно ги демантираме. Правата и обврските на Претседателот и Генералниот секретар се децидно предвидени во Статутот на СПМ – правен акт на кој потписник е и сега веќе разрешениот Ген-сек, кој дал своја согласност за негово донесување, и тие како такви можат да се разгледаат во Статутот.

Сега, во овој контекст, нагласуваме и тврдиме, дека тоа е уште една од причините за разрешувањето – неизвршување на задачите и обврските зададени со Статут, непочитување на хиерархијата поставена во Статутот односно ставање на самиот себе над сите и пред сите, што е очевидно и во неговите невистинити изјави. Уште на самите почетоци на формирањето на СПМ, дотичниот самоиницијативно и јавно се наметна како Ген-сек на СПМ со тоа ставајќи ги останатите во незавидна положба и пред свршен чин, што мора да признаеме дека беше наша многу голема грешка.

Очигледно!

Но, она што на почетокот изгледаше “незапирлива бура” од страна на дотичниот, со неговите настапи во првите неколку месеци, на крај излезе промаја. Во наша штета. Во штета на СПМ!!! Или што би рекол народот “Се тресеше гората, се роди глушец”!

Како следна причина за негово разрешување се неговите лични пресметки, водени на неговиот личен профил, со навредливи и недокажани тврдења, обвинувања без докази насочени кон Министерот за внатрешни работи. Точно е тоа дека СПМ не се согласува со работењето на Министерот, не се согласува со неговиот однос кон вработените итн итн, но во нити еден случај и можност не сме искажале или објавиле невистина, лага, навреди или омаловажување кон нити една јавна личност. Таквото “работење” на дотичниот го доведе него лично до неколку постапки за кои, до 14.09.2022 година се криеше позади СПМ, користејќи ја функцијата и заштитата која ја носи истата, а притоа нанесувајќи секојдневно штета на синдикатот.

Бидејќи се повикува на “некакви” авторски права, лични идејни решенија, графички дизајни” во врска со логото, грбот и знамето на СПМ, јавно го повикуваме да објави акт, од релевантна институција, со кој ќе ги докаже таквите тврдења. Таков акт не постои бидејќи СПМ со о
Одлука веќе ги озакони тие обележја на Синдикатот, одлука на која и самиот тој е потписник и запознат. Со ова целосно ја демантираме неговата манипулација дека некој “го украл”, противправно го присвоил” неговиот личен труд.

Останатите негови напори за чинење намерна штета, изјавите во кои користи речник и изрази идентични со неговите изјави на неговиот личен профил, што значи крајно навредливи и омаловажувачки, како од личен така и од поглед на организација, нема да ги споменуваме и објавуваме затоа што не доликуваат на нити еден човек а камоли на академски граѓанин.

Да сумираме:

Дејан Саздов е разрешен од функцијата Генерален секретар на СПМ од 14.09.2022 година, со Одлука врз основа на Статутот на СПМ која е испратена за запознавање до потребните во МВР, од причини за непочитување, непознавање, неизвршување, намерно манипулирање и предизвикување штета на СПМ и раководството, систематско уништување на честа и угледот на организацијата и членството на СПМ.

Со оглед на наведеното нема да коментираме наводна поврзаност и задкулисна соработка со Министерот, бидејќи таква не постои, што мислиме дека доволен доказ се нашите досегашни објави. Како синдикат, јасно изјавивме дека бараме соработка и средба со Министерот, но во насока на подобрување на условите и правата од работен однос на работниците.

Во никој случај за да му наштетиме на Дејан Саздов од причини што дотичниот се покажа како најслабата алка во синџирот на СПМ и тоа е единствената причина што не е повеќе дел од тој синџир.

ЗА КРАЈ:

Јавно го предупредуваме Дејан Саздов, најнапред-да ја отстрани категоризацијата за професија на неговиот личен профил “Генерален секретар на СПМ”, бидејќи со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа.

Следно, да прекине со обидите и со ширење на лажни и непотврдени информации бидејќи и со тоа веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа.

Веднаш да запре со јавните навреди и лажни наводи за дела на Претседателот на СПМ и Синдикатот, бидејќи повторно веќе сторил дело и не сакаме да има последици од тоа.

Г-дине Дејан Саздов, те поздравуваме но нема да ти заблагодариме за досегашната… работа или соработка… бидејќи ти како таква, не ја почитуваше и самиот ја уништи.

Но сепак ти посакуваме секое добро.

Да живее Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Најнови вести