сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реакција на Костадинов на објавениот текст: „Лидер: Костадинов се подновил со стан во Џевахир-го крие во анкетниот лист?!“

Реакција на Костадинов на објавениот текст: „Лидер: Костадинов се подновил со стан во Џевахир-го крие во анкетниот лист?!“

По објавувањето на текстот „Лидер: Костадинов се подновил со стан во Џевахир-го крие во анкетниот лист?!“ на порталот Курир, а истиот текст е преземен од порталот Лидер што и беше нагласено во насловот, а и во самиот текст со реакција се јави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Во продолжение го објавуваме демантот од портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов:

Објавениот текст на вашиот медиум со тенденциозен наслов („ Лидер: Костадинов се подновил со стан во Џевахир-го крие во анкетниот лист?!)

Не е точно дека јас, Костадин Костадинов имам купено стан, исто како што не е точно дека нешто има сокриено во имотниот лист кој согласно законите е навремено доставен. Бидејќи овие невистини ми нанесуваат штета на угледот барам, повлекување и јавно извинување, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и објавување на овој мој демант во целост. Доколку овој демант не биде објавен во предвидениот законски рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата пред надлежниот суд, согласно Член 19, став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Костадин Костадинов

Најнови вести