недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реџепи ги напаѓаше СДСМ, што го натера пратеникот да го смени мислењето?

Реџепи ги напаѓаше СДСМ, што го натера пратеникот да го смени мислењето?

За пратеникот Кастриот Реџепи очекувано било дека СДСМ ќе потфрли на изборите, но не до овој степен. Тој ова го изјави во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, измеѓу двата круга на локалните избори.

Смета дека граѓаните ја казниле власта поради сите работи кои се случиле во изминатиот период.

-Во македонското гласачко тело функционира казнивоста или желбата за промени, додека кај Албанците за жал повеќе од 20 години, иако повеќето се жалат, на крај пак гласаат и ДУИ останува победник, истакна Реџепи.

Останува отворено прашањето- што го натера Реџепи да го смени своето мислење за власта?

За потсетување, пратеникот на БЕСА Реџепи, не се појави на седницата за гласање на доверба на Владата. Во јавноста се шпекулираше дека тој „е купен“ од страна на власта, па токму поради тоа во последен момент одлучил да не се појави во Собранието.

Најнови вести