Главната причина за зголемениот број на заразени од коронавирусот е лошото менаџирање од страна на Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб, смета генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, партија која воедно е и дел од Владата.
Реџепи во емисијата „Клик Плус“ на телевизија Тв21 додаде дека, здравствените и државните власти не смеаат да ги обвинуваат граѓаните поради зголемениот број на нови заразени од коронавирусот.
– Не може да ги обвиниш луѓето дека со клањањето на намазот за Рамазан Бајрам, или со некоја средба што ја имале луѓето меѓу себе, и од семејни средби и да ги посочиш тие како главни причини зашто им се врати целата оваа епидемија во државата. Главната причина за зголемениот број на заразени од коронавирусот е лошото менаџирање од страна на Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб и поголема причина од ова не може да има, рече Реџепи.
Тој додаде дека за партиски интереси, Комисијата за заразни болести како и кризниот штаб, дозволиле на граѓаните да им дадат некој вид на слобода за да обезбедат простор на политиката за да ги строведат изборите кои ги планирале.
Реџепи додаде дека е убеден, дека политиката длабоко пикнала прсти во здравство така што и одлуките што се носат, воглавно се на штета на граѓаните.