Во Македонија требаше да се одржи лидерска средба пред блокадата од Бугарија за отворање на пристапните преговори со Европската унија, со цел заеднички да се настапеше во одбрана на македонските интереси, но од власта бе беа заинтересирани за тоа, бидејќи владините преставници сакаа сами да го истуркаат процесот, во што не успеаја, вели пратеникот од редовитена на коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Скендер Реџепи.
Тој во вечерашната емисија „Ентер“ на телевизија Шења истакна дека одбивањето на лидерската средба, владините преставници го направија, во надеж да ги отвори мреговорите со ЕУ, поените да си ги припишат на себеси, така што ја изгореа нашата интеграција во ЕУ.
Реџепи смета дека на Македонија сега, единственото што му треба е широка Влада, која што ќе се справи со актуелното лошо менаџирање на пандемијата со корона вирусот и која ќе го поврати сонот на македонските граѓани, кој актуелната Влада го изгасна, за интегразија на земјата во ЕУ.
– Тие очекиуваа, вие сте слушнале и од министерството за надворешни и премиерот, три дена пред Бугарија да стави вето, има можност за решение, да не ја расипеме работата на крај. За да си препишат само себеси поени од интеграцијата, тие ја изгореја интеграцијата на нашата земја во ЕУ. Тоа е трагедија и оваа цена требаше да ја платат. И затоа ние побаравме и продолжуваме да бараме. Сега на државата има два големи проблеми. Еден е пандемијата и лошото менаџирање на пандемијата и вториот проблем е гаснењето на соност на граѓаните за интеграцијата во ЕУ, бара како никогаш до сега, широка Влада. Една влада која ќе го надмине проблемот со пандемијата, Влада која што многу набрзо ќе успее да најде решение за спорот со Бугарија и да го насочи овој народ кон итеграцијата во ЕУ, рече Реџепи во своето гостување на телевизија Шења.