четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реџепи: Вчера требаше да падне власта, сега за нас во игра се две опции

Реџепи: Вчера требаше да падне власта, сега за нас во игра се две опции

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, утрово во изјава за Сител вели дека за неговата партија во моментов во игра се две опции, а тие се брзи избори или приклучување кон мнозинството на Заев.

За нив вели дека неговата партија ќе дебатира во текот на наредните денови

„Вчера не знам што се случи, иако требаше да падне власта. Се случи нешто што е можеби демократски неочекувано. Но настаните беа такви како што беа. Денешниот ден државата го почнува со една тешка политичка криза во која што не очекуваат уште потешки времиња посебно месецов и месецот што доаѓа, со што доаѓаме пред два големи предизвици. Едниот е или како држава, сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот па да се оди на парламентарни избори или да се прошири мнозинството. Овие денови партиските тела ќе седнат на состаноци и ќе одлучат која од двете опции е поважна за државата, граѓаните ставајќи ги во прв план нив па после партиските интереси“ – изјави Реџепи за Сител

 

Најнови вести