вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Референдумот за името не го почитуваа, ама многу ја почитувале демократијата: Спасовски потписник на писмото „Повик за одбрана на демократијата“

Референдумот за името не го почитуваа, ама многу ја почитувале демократијата: Спасовски потписник на писмото „Повик за одбрана на демократијата“

Техничкиот претседател на Владата, Оливер Спасовски, кој како министер за внатрешни работи беше активен учесник во недемократското непочитување на народната волја за Референдумот за  името, дел од гарнитурата која го смени и покрај јасното НЕ на народот, сега многу се заинтересира за демократијата.

Имено, тој е горд потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ – отворено писмо иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер зад кое со поддршка застанаа уште 63 организации од светот, а писмото го потпишаа голем број активни и поранешни политички лидери, шефови на држави и влади, како и останати политички и граѓански лидери ширум светот, вклучувајќи 13 нобеловци.

Писмото има за цел да ја подигне свеста и да ги мобилизира граѓаните и носителите на политики да ја заштитат демократијата во услови на пандемијата со КОВИД-19, во кое се истакнува дека справувањето со оваа глобална криза не смее да се спроведува на сметка на човековите права на сите граѓани, особено малцинствата и ранливите групи.

„Постоечката пандемија претставува сериозен глобален предизвик и за демократијата и таа не смее да биде заобиколена или под закана и луѓето што се грижат за неа мора да смогнат волја, дисциплина и солидарност во нејзина одбрана. Во прашање е слободата, здравјето и достоинството на луѓето насекаде“, се вели во отвореното писмо.

Најнови вести