среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реформите на Царовска ги поддржаа само директорите кои сама ги поставила 

Реформите на Царовска ги поддржаа само директорите кои сама ги поставила 

После острите реакции на граѓаните и стручната фела против најавената реформа во образованието, министерката Мила Царовска прибежиште за поддршка побара кај своите. Во потрага по поддршка за таканаречената нејзина, нова концепција во основното образование, вчера министерката Царовска остварила средба со директорите на училиштата. И, замислете, директорите кои сама ги поставила ја поддржале нејзината идеја.

Директорите на институциите, како и на училиштата се знае дека се поставуваат по партиска линија и мнозинството, ако не и сите, се дел од структурите но и поставени од владејачките партии, СДСМ-ДУИ. Царовска, да не речам во глупоста, ја поддржаа нејзините директори кои сакаат да си ја зачуваат директорската фотеља, кои ако се спротивстават на нивната претпоставена големи се шансите да бидат заменети.

На најавените реформи во образованието остро се спротивставија наставниците по историја, музика, ликовно, Педагошкиот и Филозофскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, студентите по историја и така натаму. На новиот концепт во основното образование остро се спротивставија и социолозите кои стравуваат дека во неговиот имплементирање има партиски интерес, односно дека главната цел не е да се направат корисни реформи на македонското образование.

Освен ова, во подготвувањето на новата концепцијата се исклучени сите засегнати страни, односно Царовска со неколку, од нејзина страна избрани луѓе, сака да подготви реформи за целокупното основно образование во Македонија.

Освен реакциите на општествената и стручна јавност, реформата во образованите ја критикува и поранешниот заменик министер за образованите од првата Влада на СДСМ и Зоран Заев, Петар Атанасов. Професорот Атанасов вели дека реформата не е добро подготвена и истата е донесена без консултација на научната фела, кој што додава дека институциите се глуви, а во конкретниот случај министерството за образование, и не сакаат да прифатат ниту критики, ниту сугестии.

“Во медиумите се води многу поквалитетна и суштинска дебата во однос на институциите. Се покажа дека институциите се крути, конзервативни и не сакаат да дебатираат и всушност тоа е најголемиот минус на цел овој концепт што го слушаме. Очигледно е дека целиот тим што го подготвуваше Концептот влегоа не доволно подготвени и без консултации со важни субјекти. Реакцијата се должи на не добро подготвена реформа, изјави во Утрински брифинг поранешниот заменик министер за образование, Петар Атанасов и додава дека доколку биле консултирани факултетите, експертите, професорите, па и наставниците помалку ќе се згрешело.

Од друга страна, на концепцијата за основното образование се спротивставува и опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што бараат јавна расправа во Собранието.

Најнови вести