недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Регионална конференција „Да изградиме кооперативно општество“

Регионална конференција „Да изградиме кооперативно општество“

Да изградиме кооперативно општество“ е темата на 5. Регионална конференција  што ќе се одржи денеска во  Струмица во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

– Целта е да се подобрат трговските релации на земјите од регионот, кои се соочени со глобалните и националните предизвици во земјоделскиот сектор кои наметнуваат следење на стандардите во земјоделството и јакнење на земјоделската конкурентност за да можат да опстанат и да извезуваат земјоделски производи, информираат организаторите.

Тие прашања, истакнуваат, се од особено значење за граѓанските организации вклучени во развојот, како и кај креаторите на земјоделската политика во владите на земјите во развој, кои сметаат дека една од најголемите перспективи е преку економската организираност на фармерите.

Најавено е учество на претставници од организации од државите од регионот. (МИА)

Најнови вести