Медиумите од земјите од регионот известуваат за појавата на заразната болест антракс во Македонија.
Имено, болеста антракс е потврдена кај угината овца во селото Долно Строгомиште во кичевско, случај за кој властите две недели криеле од македонската јавност, а веста беше обелоденета од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, наместо од надлежните.
Откако опозицијата го обелодени овој скандалозен случај, за прв се јавија надлежните институции кои ја потврдија информацијата. Од Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека нема заразени граѓани и дека преземени се сите превентивни мерки.
Но се уште не е соопштено дали оваа болест е појавена и на други одгледувалишта на животни и зошто сите надлежни институции две недели молчеа за појава на ваква сериозна и заразна болест.