Откако вчера попладнето беше приведена македонската актерка Силвија Стојановска и беше однесена на распит во скопскиот кривичен суд медиумите со брзина на светлината ја пренесоа оваа информација.
По ова на неа и беше изречена и мерка домашен притвор, а веста силно одекна и во соседството.
Српските медиуми веднаш ја пренесоа веста за нејзиното апсење со различни наслови:
„Познатата југословенска актерка е уапсена поради шверц на 700 килограми кокаин, овозможила логистика на двајца браќа и се заканува казна затвор“
„И се заканува пет години затвор“
„Македонската актерка уапсена под сомневање дека е член на нарко банда!“, се само дел од насловите во српските медиуми.