среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рејчл Галовеј и Кејт Мери Брнс на планинарење по повод Денот на независтноста

Рејчл Галовеј и Кејт Мери Брнс на планинарење по повод Денот на независтноста

Под мотото “Ние сме НАТО”, а по повод Денот на независноста 8-ми септември, на падините на Бистра во тек е планинарска тура на која учествуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како и неколку амбасадори во земјава.

Целта на планинарењето е запознавање со природните убавини на Македонија, а дипломатите меѓудругото ќе имаат можност да го пробаат традиционалното сирење и да се запознаат со процесот на негова подготовка. Како што рече министерката на првата пауза од пешачењето, инспирација за настанот е тоа дека сите височини се достижни ако се има план, слично како и со освојувањето на планинските врвови.

Потенцирајќи ги природните убавини на Македонија, пак, амбасадорките на САД и на Британија Кејт Мери Брнс и Рејчл Галовеј најавија продолжување на соработката на сите полиња и зацврстување на партнерството.

Планинарењето се одвива во соработка со Асоцијацијата на интернационални водичи и Здружението за заштита и спасување на планина.

Најнови вести