Електро-енергетскиот стожер на Македонија РЕК „Битола“во екот на сезоната работи со само еден блок, што ќе предизвика енергетска криза во државата и голем дел од македонските домаќинства се под закана да останат без електрична енергија.
Според информациите до кои дојдовме, Блок 2 во РЕК Битола не работи од пред неколку часа, со што во екот на сезоната, РЕК Битола работи со само една третина од својот капацитет.
Неодговорноста и неспособноста на новата власт го доведува во прашање функционирањето на енергетскиот систем во земјава, целокупниот капацитет на термоелектраната Битола е надвор од енергетскиот капацитет на Република Македонија. Домаќинствата и помалите компании се под закана дека можат да останат без електрична енергија.
Пред само неколку дена раководството на државните електрани АД ЕЛЕМ тврдеше дека немаат проблеми со количините јаглен за работа на РЕК Битола. Но, од компанијата не одговорија јасно зошто е пуштен да работи ТЕЦ Осломеј, термоцентрала која се користи само кога има огромна побарувачка на електрична енергија или кога има хаварија на некој од капацитетите кои произведуваат струја.
СДСМ наместо да го реши проблемот, отпушта работници од РЕК Битола
– Власта наместо да вработува и да отвора нови работни места секојдневно отпушта. 133 лица од РЕК Битола денес останаа без работа. Се прашуваме дали е ова првата одлука на Васко Ковачевски, неформалниот директор на РЕК, одлука која наместо промоција за некој нов проект или вработување, е одлука за отказ на 133 лица. Вработените кои останаа без работа се лица кои се ангажирани во РЕК Битола уште од август 2015 година, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Се работи за 133 фамилии од Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен останаа без своите средства за егзистенција.
-Ако на ова се надоврзат уште 50на фамилии од образованието и детската заштита сликата За Живот за сите се комплетира во целост. Власта мора да престане да се однесува како државата и државните институции да се нејзин приватен посед. Државата мора да биде еднаква за сите. Со еднакви услови и можности за секој граѓанин, изјави Тони Коњановски ВМРО-ДПМНЕ