Кандидатот за претседател, Блерим Река во вечерашната дебата на Телма рече дека и покрај тоа што е поддржан од Алијансата на Албанците и Беса, тој е независен кандидат.
-Многу јасно и гласно кажав дека ќе бидам независен кога се кандидирав. Тоа што двете партии ме поддржаа е за поздравување, тие поддржаа независен кандидат. Кога видов дека во трката ќе има само два кандидати од македонското мнозинство, мислам дека не ќе беше фер ако нема кандидат кој не припаѓа на мнозинството, рече Река.