четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Река: На 21-ви април ние нема да имаме 250.000 бирачи, тоа е терен за полнење на кутии и бугарски воз

Река: На 21-ви април ние нема да имаме 250.000 бирачи, тоа е терен за полнење на кутии и бугарски воз

Граѓаните имаат недоверба во политичкиот систем и не им веруваат на изборите, имаме неимплементирани препораки на ОБСЕ-ОДИХР, немаме ажуриран избирачки список. Ова го истакна кандидатот за претседател Блерим Река во денешната дебата на ТВ Сител.

-Зошто актуелните власти, Владата и Министерството за правда, не ги спроведуваат клучните препораки од 2016 од ОБСЕ -ОДИХР. Не е ажуриран изборачкиот список стои дека има милион и осумстотини илјади гласачи, а знаеме дека до 2017-та година иселени се 250.000 граѓани. И ние на  денот на гласање ќе имаме милион и петстотини и педесет илјади гласачи. Ова е простор за манипулација со тие 250.000 гласачи. Тоа е терен за полнење кутии, за таканаречениот бугарски воз. Ќе се манипулира со тоие фантоми или 250 илјади гласачи кои не се тука во Македонија, рече Река.

 

Најнови вести