Независен кандидат за претседателските избори, Блерим Река вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21 зборуваше за својата кандидатура, очекувања и она што може да им понуди на електоратот и граѓаните, доколку биде избран за претседател.
Река меѓу другото, изјави дека неговите очекувања за претседателската трка се околу 150 илјади гласови.
– Јас можам да зборувам за себе за тоа кои се моите очекувања, јас мислам дека на некаде околу 120.000-150.000 гласови навистина може да сметам, рече Река.