Ние не сме подготвени технички за преговори со Брисел. Немаме испорачано деполитизирано судство, јавна администрација ослободена од непотизам, нема одговор каква ќе биде иднината на СЈО и не испорачавме конкретни судски резултати за мега коруптивните скандали и организираниот криминал, реформа на службите за разузнавање, рече Блерим Река, кандидат за претседател на дебата на телевизија 21.
-Не се работи дали јас сакам или не да добиеме датум, во мој мандат како евроамбасадор во 2009 добивме прва позитивна препорака за отпочнување преговори, посочи Река.
Според него, а се повика и на изјавата на министерот Манчевски дека ни недостасува административен и институционален капацитет, и немаме врвни експерти на тој план кои треба да го водат процесот.
Како што рече Река, би сакал да не сум во право за скпетицизимот, но како што стојат работите тешко може да се добие датум во јуни.