Кандидатот за претседател Блерим Река во вечерашната дебата на МРТ рече дека негов приоритет во меѓународната политика како претседател ќе му бидат странските инвестиции.
-Главен приоритет ќе ми биде како да ги мотивирам странските инвеститори. Но, не можеме да очекуваме прилив на странски инвестиции ако не осигураме правна сигурност. Во првата средба со нив, тие гледаат дека има селективна правда и приватизирано судство. Не се само парите на странските инвеститори, никој не сака да го ризикува својот бренд, рече Река.