Кандидатот за претседател, Блерим Река, по остварувањето на своето гласачко право во општина Бутел рече дека очекува мирен изборен ден и ги повика граѓаните да излезат и да го исполнат своето право на глас.
-Го искористив моето гласачко право и гласав во Бутел, општината во која живеам. Со ова, се надевам дека и граѓаните ќе го искористат нивното уставно и законско право и ќе гласаат за претседател. Со вака убаво време, јас мислам дека и расположението кај граѓаните е такво и се надевам дека со ова ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите за членство со Европската Унија, со што ќе докажеме дека имаме и институционално, административен и политички капацитет државата да ни оди кон евроатлантските интеграции, порача Река.