Кандидатот на Алијансата и БЕСА, Блерим Река на прес конференција изјави дека изборите ги оценува како фер и демократски, дека немаат забелешки, дека се за концепот на држава, односно дека се против заробена државата.
Ние се уште немаме реален список, реално имаме само 1 500 000 граѓани, тоа е реалност и затоа немаше доволно излезеност. Ние сме презадоволни од гласањето, особено во општините со албанско население, а исто и во Македонските општини. Со над 50 000 гласови, очекуваме дека ќе стигнеме до 80 000 гласови и тоа е одличен резултат, но не важна бројката туку поддршката. Ова најавува една нова политичка пролет која ќе се цементира во идните претседателски избори. Кога рековме дека нема да тргуваме со гласачите, така и се случи, тоа се нивни гласови и ние не тргуваме со гласовите на граѓаните, рече Река на прес конференција.