четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Реките и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското, под ноемврискиот просек

Реките и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското, под ноемврискиот просек

Нивоата на сите реки во земјава кај кои денеска се извршени хидролошки мерења, покажуваат вредности под просекот за ноември. Некои покажуваат драстични намалувања, дури и до десет пати.

Според УХМР, најголем пад на водостоите бележат Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Под ноемврискиот просек се и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското. (МИА)

Најнови вести