Водостојот на дел од реките денеска е понизок или ист во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Поголема промена има кај Вардар кај Велес каде нивото е за пет сантиметри пониско од вчера, а за пет сантиметри повисокото е нивото кај Јегуновце.
Пониско е и нивото на Треска, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Црна Река, Дрим, Сатеска и Радика.
Кај езерата нема некои поголеми промени.