недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Реките со повисок водостој од августовскиот просек

Реките со повисок водостој од августовскиот просек

Денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека поголем дел од реките во државата имаат повисок водостој од просекот за август.

Зголемен водостој во однос на августовскиот просек е забележан кај реката Вардар на сите мерни места. Најмногу или за 92 сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Демир Капија. Повисок е водостојот и на Пчиња кај Катлановска Бања, на Црна Река и Црн Дрим.

Понизок водостој имаат реките Лепенец, Крива Река и Струмица.

Кај езерата, денешните мерења покажуваат дека повисоко е нивото на Дојранското Езеро, а пониско на Преспанското Езеро. За Охридското Езеро денеска не се достапни податоци. (МИА)

Најнови вести