Тетовци со години наместо риби, во тетовска Пена, гледаат само смет и отпадоци. Риболовните здруженија од тетовско реагираат на енормното загадување на реките и негрижата на надлежните.Деновиве после многу долго време, Пена е порибена.Но,колку е чиста реката за нов живот-се прашуваат рибарите.Инспекциите, тврдат, никаде ги нема, пренесува АЛФА.
Малку е проблем со инспекторите, не ни излегуваат во пресрет.Звониме, дојдите, па не доаѓаат, не било до нив, не моткаат,а ние како риболовно здружение не можеме да направиме записник-рече Стојанче Анѓелковски- претседател на здружение Риболовец Вардар – Брвеница.
Доволно е само една обиколка околу коритото на Пена,за да стане јасно колку е состојбата сериозна.Сликата со мини депониите,е речиси секаде иста во полошко.
Целата објава може да ја погледнете на АЛФА.