Согласно пристигнатите резултати до 17 часот и од вкупно обработените податоци во моментов гласале 450.771 гласачи, односно 28,83 проценти, изјави претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Тој додава дека гласањето продолжува, а во меѓувреме во ДИК пристигнале уште неколку приговори и сите беа одбиени.
-Апелирам да продолжи гласањето онака како што се одвива целиот ден, во главно сликата е добра за целиот ден и да не се дозволи да се наруши сликата за овој ден, рече Дерковски.