четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реквизитите за партискиот митинг во „Идризово“ биле внесени преку храна!?

Реквизитите за партискиот митинг во „Идризово“ биле внесени преку храна!?

Говорејќи за видеото и фотографиите кои се проширија деновиве каде што затвореници повикуваат да се гласа за СДСМ, директорот на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски во „Утрински брифинг“ вели дека можно е партиските обележја да биле внесени преку пакети со храна или пак да ги имале претходно.

„Го осудувам чинот на партиски активности, доколку ги имало во затворот. За оние кои би требало да се грижат тоа да не се случува, доколку се докаже ќе бидат санкционирани“, рече Мојсоски и објасни како е можно да се внесени партиските обележја.

За да можат да снимат и да објават видео од таканаречениот импровизиран партиски штаб, затворениците предизвикале мал пожар за да го пренасочат вниманието на чуварите, рече Мојсовски .

Најнови вести